Јапонските компании “Tokyo Leasing” и “Kyocera” се здружиле во проектот за изградба на најголемата пловечка соларна електрана во светот. Електраната ќе има инсталирана моќност од 13,7 MW. Компанијата “Kyocera” претходно најавила изградба на слична електрана од 7,5 MW. Се очекува овој проект кој ќе овозможи 51.000 соларни панели да произведуваат електрична енергија која ќе може да снабдува околу 5.000 домаќинства.
Проектот би требало да биде завршен до март 2018 година. Соларните централи со ваков концепт с емногу ефикасни бидејќи сончевото зрачење е поинтензивно на водена површина. Вакви централи веќе постојат во Индија и Австралија.