Насловна / Вести / Јапонија е петтата земја во историјата која спушти свое летало на Месечината

Јапонија е петтата земја во историјата која спушти свое летало на Месечината

Јапонија стана петта земја на светот која успеа да спушти свое вселенско летало на Месечината, откако SLIM (паметен робот за истражување на вселената) слета на површината на Месечината, соопштила Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), додавајќи дека е воспоставена комуникација со сондата.

jaxa1

JAXA  соопштила дека SLIM слетал на површината на Месечината во саботата околу 12.20 часот по јапонско време и дека е воспоставена комуникација. Со тоа засега е исполнето “минималното ниво“ за успех на оваа мисија. JAXA додава дека оваа технологија за слетување ќе стане моќна алатка за идните истражувања на половите на Месечината за кои с епретпоставува дека се потенцијален извор на кислород, гориво и вода, неопходни за живот. Целта ан оваа мисија е истражување на составот на карпите со цел подобро разбирање за настанокот на Месечината.

jaxa2

Досега само четори земји успеале да спуштат вселенско летало на Месечината: САД, поранешен Советски Сојуз, Кина и Индија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top