Насловна / Вести / Јапонија: Цехот за затворање на 24 нуклеарни реактори „тежи“ милијарди долари

Јапонија: Цехот за затворање на 24 нуклеарни реактори „тежи“ милијарди долари

Јапонската служба за нуклеарна политика соопшти дека земјата влегува во ера на масовно затворање на нуклеарните електрани. Службата ги повикала операторите да планираат како безбедно би ја извршиле оваа операција во наредните децении, и ккао би с ефинансирале прошоците кои се изразени во милијарди УСД.

Дваесет и четири реактори, или 40% од вкупниот број во Јапонија, предвидени се за затворање или веќе започнала подготовка за нивно трајно исклучување.  Меѓу нив се и четири единици на уништената од цунами и земјотрес нуклеарка Фукушима. Извештајот кој веќе е прифатен од Јапонската комисија за атомска енергија, бара од компаниите да учат од американските и европските примери.  Јапонија досега нема ставено вон погон ниту еден од своите реактори и нема конкретни планови за конечно одложување на радиоактивниот отпад.  После несреќата во Фукушима, јапонските електроенергетски компании одлучиле да не ги модернизираат застарените реактори, туку целосно да ги затворат.

decomissioning1

 

Испрати коментар

Scroll To Top