Водени од идејата дека школката е доволно цврста да ја штити својата нежна внатрешност, па сигурно може да биде добра заштита и за човекот, Јапонците го дизајнирале Shellmet – шлем делумно направен од школки. Овој необичен шлем настанал во партнерство со хемиската индустрија Koushi и селото Sarufutsu – рибарска заедница која секоја година има околу 40.000 тони отпадни школки.
Професорот Hiroshi Uyama од Универзитетот во Осло, развил процес во кој школките се варат и стерилизираат, потоа се ситнат и се претвораат во прав од калциум карбонат, кој потоа се меша со отпадна пластика исто така сомелена во прав. Така добиената Shellstic биопластична маса потоа се сипува во калапи за шлемови каде се загрева и топи. Откако материјалот ќе се олади и зацврсне, се добива реббраста текстура на шлемот налик на школка, за која авторите тврдат дека е 33% појак отколку оној без кацлциум карбонат од школките. Тие исто така истакнуваат дека овој производен процес генерира приближно 36% помалку емисии на стакленички гасови отколку кога би се користела само пластика. Shellmet сеуште чека на потребните безбедносни сертификати, а неговата цена е планирано да биде 36 долари.