Познатиот јапонски архитект Kazuyo Sejima ќе дизајнира нови возови што ќе бидат направени од рефлектирачки материјали.
Јапонската мрежа на возови Red Arrow се состои од локомотиви и вагони со традиционален изглед и интензивни бои кои доста отстапуваат од животната средина.
Затоа, Seibu Group го ангажирала познатиот архитект Kazuyo Sejima да осмисли нови возови, кои ќе изгледаат поубаво и „поприродни“, пишува Spoon Tamago.
Новите возови многу подобро ќе се вклопуваат во околината, бидејќи ќе бидат во можност да ја одразуваат природата и околината во кои тие се наоѓаат и се движат.
Како и претходните дела на овој јапонски архитект, и неговите возови ќе бидат направени од рефлектирачки, односно може да се каже, транспарентни материјали.
Sejima доби задача да го дизајнира ентериерот и екстериерот на возовите до 2018 година.