Насловна / Вести / Јануари 2020 и 2021 имаат различни временски услови, што значи и намалено загадување

Јануари 2020 и 2021 имаат различни временски услови, што значи и намалено загадување

Според податоците на AirCare минатата година во јануари имало постабила температура, но годинава, истиот месец, имало поголеми пикови и паѓања, односно температурата покажува дека имало варијации во временските услови. Во однос на врнежите од дожд и снег минатата година во јануари ги имало само три дена, додека во истиот месец годинава тоа било детектирано во 14 дена. Ветар со максимална сила над 15 километри на час бил детектиран шест дена во 2020, додека истото било детектирано во 17 дена оваа година во јануари.

grafici

Од AirCare велат дека според овие податоци, се гледа дека временските услови не биле слични во јануари годинава и лани, и зголемените врнежи и денови со посилен ветер, секако допринесуваат до намалена загаденост на главниот град.

Во ова истражување, наведуваат од AirCare, не се вклучени ефектите од пандемијата, која лани уште не беше дојдена во Македонија во јануари, но годинава веќе ни го има изменето начинот на живот. “Ако сакаме вистински да ги следиме резултатите од проектите за намалување на загадувањето, мора да сме спремни сите параметри да ги разгледаме пред да направиме објава дека намаленото загадување е благодарение исклучиво на нив“, велат од AirCare.

grafici1

Испрати коментар

Scroll To Top