Тимот на дизајнери од студиото Salt & Water се обиде да го реши предизвикот за промовирање на туризмот на слатководните води без нарушување на природата, а решението што го нудат е овој неверојатен пловечки хотел со катамаран – апартмани.
Овој проект, кој ја освои наградата Millennium Yacht Design Awards, се состои од една голема пловечка единица со неколку катамаран – апартмани – оттука и името. Во главниот дел на хотелот, гостите располагаат со рекреативен простор, ресторан, предворје за организирање на разни настани, кафуле и канцелариски простор. Во апартманите, гостите ( максимум за четири особи) имаат дневна, кујна, дел за спиење и бања. Постои дури и приватно пристаниште, ако гостите сакаат да се освежат во водата.