Италијанското студио за дизајн, Robert Curto Design, го претстави својот нов концепт – јахтата Sunrise долга 135 метри, креирана во соработка со SuperYachtsMonaco.
Овој нов проект ја подигнува границата на квалитетот на гигајахти ширум светот. Иако само во фаза на концепт, барем засега, бродот го доби името Sunrise заради начинот на кој страните се навалуваа кон водата, како заоѓањето на сонцето на крајот од денот.
Проектот Sunrise е всушност долга, ниска и витка јахта, способна да развие максимална брзина од 24 јазли. Roberto Kurto ја дизајнирал имајќи во предвид идиличната атмосфера на островско одморалиште. Самиот брод е доста простран, така што содржи хелиодром, огромна гаража, астрономска опсерваторија, два базена, огромна кабина за сопствениците со приватна теретана, канцеларија, отворен/затворен базен, теретана за гости, кино и две трпезарии. Може да прими до 22 гости и екипаж од 49 члена.
Внатрешноста на јахтата е раскошно осмислена со единаесет кабини и изобилство природна светлина благодарение на прозорците од подот до таванот. Елегантниот брод е исто така опремен со интересни акцентирани детали и пространа палуба за сончање. Според студиото за дизајн, оваа јахта е „визионерски проект, со пространи палуби и отворен ентериер, штом ќе ја допре водата, станува едно со морето“.