Насловна / Вести / Јагулата во Охридското Езеро на прагот на нејзино истребување!

Јагулата во Охридското Езеро на прагот на нејзино истребување!

Охридската пастрмка Салмо летница Караман е доведена до прагот на нејзино истребување, како последица од користење на високите ловечки мрежи како риболовен алат од страна на АД Охридска пастрмка од Охрид и АД Летница од Струга во периодот од 1986/87 се до 2004 година, пишува OhridNews.Јагула

Огромни се можностите како и пастрмката, истата судбина да ја доживее и европската јагула Ангуилла ангуилла која претежно живее во Охридско Езеро, вели независниот екологист Лазо Наумоски.

– Европската јагула се мрести во Саргасово Море близу Порторико, односно 4800 км подалеку од Охридското Езеро. Мајките јагули после мрестење умираат, а нивните ќерки повторно се враќаат во водите на Охридското Езеро. Јагулата одбира да живее во салмонидни езера богати со салмонидни риби, претежно пастрмки, како што и беше Охридското Езеро. Јагулата во исхраната ги користи пастрмките кои се лесен плен за ловење, односно пастрмки кои се угинати, повредени или омалаксани. Со еден збор речено, јагулата е чистач на лешевите од езерската фауна, објаснува Наумоски.

Наумоски потсетува дека со изградба на хидроцентралите Глобочица и Шпиље на Црн Дрим, дошло до прекинување на природниот пат на јагулата. Од страна на ЕЛЕМ, секоја година од Франција, Холандија или Грција се носи готов рибен подмладок на јагулчиња со кои се порибува Охридското Езеро.

 

Испрати коментар

Scroll To Top