Најголемиот британски производител на автомобили Jaguar Land Rover ќе мора да отпушти 1.100 работници со цел да ги преброди последиците од пандемијата. Оваа компанија ќе го намали бројот на вработени ширум Велика Британија, како дел од „програмата за трансформација“. „Преку својата континуирана програма за трансформација, Jaguar Land Rover превзема чекори за оптимизација на перформансите и постигнување на понатамошна оперативна ефикасност, со цел обезбедување на одржлив раст и зачувување на долгорочниот деловен успех“, вели поортпаролот на компанијата. Процесот на намалување на бројот на вработени ќе започне на крајот на јули и ќе заврши на крајот од годината. Групацијата има работна сила од околу 32.000 луѓе во Велика Британија. Претходните недели и други британски проиводители како Aston Martin и Bentley исто така се одлучија на ваков чекор.