Објавени се победниците на конкурсот за дизајн на јаглеродно-неутрален аеродромски терминал, кој ќе има капацитет да опслужува 30 милиони патници годишно. „Делхи Ноида“ е меѓународен аеродром кој се наоѓа на околу 40 километри од Њу Делхи. Победниците, архитектонските фирми Nordic Office of Architecture, Grimshaw, Haptic и консултантите од STUP го дизајнираа „најзелениот“ аеродром во Индија.
Аеродромскиот терминал треба да ги исполнува стандардите за неутралност на јаглерод, стандарди за нулта енергија, како и LEED Gold sertifikat. Целта е да се неутрализира онолку јаглерод колку што се ослободува во атмосферата, така што тој останува на нула.
Победничкото решение се карактеризира со отворен простор со зеленило и дрвја, во форма на уреден двор во зградата, со цел да се зголеми природната светлина и вентилација. Зелени површини се предвидени и за просторот пред аеродромот.
Тимот составен од споменатите компании претходно соработуваше на слични проекти, така што тие ќе комбинираат искуство и знаење за да создадат вистински модерен, иновативен и зелен аеродром заснован на силната историска и културна традиција на овој регион. Заедничкиот проект беше „Istanbul New Airport Terminal One“ во Турција.