Изградбата на околу 95 километри на јадранско-јонскиот авопат низ Црна Гора би чинел нешто повеќе од една милијарда ева, соопшти Владата во Подгорица, додавајќи оти автопатот е од стратешко значење на земјата.
Автопатот долг повеќе од 1.500 километри би ја поврзувала северна Италија со Грција, преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Јадранско-јонскиот автопат во Црна Гора би бил од местото Нудо, на границата со БиХ, потоа преку Грахово и Чева, во правец на Подгорица, каде би била изградена заобиколница, која би водела до границата со Албанија.