Почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во Црна Гора, автопатот Бар-Бољаре накусо во втор план го фрли проектот на Јадранско-јонскиот автопат. Сепак, за овој исклучително значаен проект, со чија реализација на Црна Гора директно се отвара пат кон Европа, на нови пазари, инвеститори и туристи, ќе се расправа кон крајот на август на Виенскиот самит на лидерите на западен Балкан.