Ова впечатливо дело на модерната мексиканска архитектура е дело на Carrillo Arquitectos и се наоѓа во резиденцијалниот дел на Yucatan, Mexico.
Куќата е дизајнирана со цел да се ослободи од стегите и затвореноста на традиционалната архитектура, и таа манифестира слобода, отвореност и транспарентност.
Нејзиниот ентериер е целосно слободен и простран и истиот е во кохезија со околината и природата. Природата навлегува во ентериерот и ентериерот излегува надвор во природното опкружување.
Во внатрешноста на оваа куќа се искористени целосно природни материјали кои се наоѓаат во нејзината околина, како дрво, камен и стакло.
Атмосферата која е создадена во овој простор целосно е опуштена и топла, па така пространиот простор ја губи својата величественост и се преобразува во целосно човекомерен и хуман простор.