Кога просторот наменет за живеење ни е ограничен и мал, тогаш дизајнирањето на креветите во поткровните простори или пак само подигнати над некои други корисни површини е одлично решение со тоа што се штеди просторот кој и така е во дефицит, а истовремено се добива и дополнителна атрактивност во истиот.
Овој простор во суштина претставува модел на концептот на дом – канцеларија и се наоѓа во хотелот Зоку во Амстердам кој се планира официјално да биде отворен подоцна во оваа година. Ова поткровје се простира на само 24 м2 и многу интелигентно го користи својот мал простор. Овој простор е наменет за употреба од страна на професионалци кои тука би живееле и работеле, па така истиот е доволно флексибилен со тоа што им овозможува на корисниците дури и простор за забава и рекреација.
Креветот е „скриен“ зад креативна преграда од дрвена решетка. Ова им овозможува на корисниците да ја отстранат спалната соба од фокусот и како целина на ова поткровје да ја добијат дневната соба заедно со кујната и трпезаријата.
Феноменално решение.