Жолтата боја во ентериерот секогаш вдахнува свежна, топлина, светлина и креативност во просторот. Кога дизајнерите на ентериери ја употребуваат жолтата боја во своите проекти, тоа е храбар потег со кој се добива одличен финален производ.
Овој стан е дизајниран од страна на Алаин Понкратова и е наменет за еден млад човек кој има префинет, софистициран и „паметен“ вкус. Видливата тула и дрвениот под даваат многу пријатен призор на ентериерот, а неговиот монолитен изглед го разбива прекрасниот кауч од штоф со лимонова жолтеникава боја и неколку намерно поставени книги на полиците, со жолта боја.
Исто така, интересни детали се поставени на тепихот и перничињата на каучот, па така со нивниот геометриски дизајн и црно-бели тонови, овие детали им се спротивставуваат на жолтите детали кои претставуваат своевидни жаришта во просторот.