Пред распадот на Југославија, таа била дом на едни од најмаркантните архитектонски имиња во тоа време. Југословенските власти граделе разни скулптури и градби во непосредна близина на градовите, најчесто во природни амбиенти.
И ден денес овие градби се посетувани од голем број на туристи кои ги гледаат овие форми кои слободно можат да бидат копирани и искористени во некој добар научно – фантастичен филм.
Околу 26 години подоцна, белгискиот фотограф Jan Kempenaers кој студирал на Кралската академија за ликовни уметности во Гент и има докторат по визуелни уметности, ја посетил целата територија на поранешна Југославија се со цел да ги фотографира овие архитектонски чуда.
1. Споменик на Космајските партизани, Планина Космај, Белград, Србија 1982 годин
2. Споменик на револуцијата, Подгарич, Хрватска, 1967
3. Споменик Тифус, Кореница, Хрватска, 1959
4. Споменик „Камено цвеќе“ во концентрациониот логор Јесеновац, Хрватска, 1966
5. Споменикот на убиените патриоти, Никшич, Црна Гора
6. Споменик во меморијалниот центар Шушњар во близина на Сански Мост, Босна и Херцеговина, 1971
7. Споменик во Меморијалниот комплекс „Долина на хероите“, Тјентиште, Босна и Херцеговина, 1971
8. Споменик на паднатите борци, Колашин, Црна Гора, 1949
9. Споменик на партизанскиот одред, Остра, Чачак, Србија, 1969
10. Споменик на востаниците од Кордун и Банија, Петрова Гора, Хрватска, 1981
11. Споменик на убиените за време на првото партизанско ослободување на Книн, Хрватска, уништен 1995
12. Споменик посветен на паднатите словенечки војници, Илириска Бистрица, Словенија, 1965
13. Првиот споменика во Кадињача, во близина на Ужице, Србија, 1952-1979
14. Споменик на операцијата „Црн пад“, Босна, 1970
15. Споменик „Македониум“, Крушево, Македонија, 1974