Насловна / Вести / Извонреден стан во Њујорк како уметничко дело за неверојатни 135 милиони долари (видео)

Извонреден стан во Њујорк како уметничко дело за неверојатни 135 милиони долари (видео)

Њујоршката 432 Park Avenue предизвикува восхит, откако кон крајот на 2015 година е завршена супервисоката станбена кула на уругвајскиот архитект Rafael Viñoly. Со висина од  425.5 метри го преобликува хоризонтот на Менхетен – и покрај објавените проблеми – становите се продадени за десетици милиони. Станот што го зафаќа целиот 79-ти кат и ја замаглува границата помеѓу резиденција и уметничката инсталација се појави на пазарот за недвижности за неверојатни 135 милиони долари. Со огласот исклучиво управува Mercedes Berk Team на глобалниот бренд за луксузни недвижности Engel & Völkers.

1_resize

10_resize

Оваа цена секако дека вклучува импресивен стан. Луксузниот стан од околу 850 квадратни метри може да се пофали со пет спални соби и пет бањи, покрај пространа дневна соба и два одделни апартмани за гости. Исто така има два приватни лифта, традиционална јапонска соба за чај и дополнителни единици за складирање. А тука е и неверојатниот поглед, секоја соба има големи прозорци што нудат небесен поглед кон реките Хадсон и Ист ривер, Централ Парк и речиси секоја знаменитост во Њујорк.

4_resize

Позицијата и содржините го прават станот на 79. кат на 432 Park Avenue завидна локација, но вистинска вредност на овој простор е неверојатната посветеност на јапонскиот дизајн до најситниот детал. Просторот ја претставува визијата на уметникот, архитектот и фотографот Hiroshi Sugimoto, заедно со New Material Research Laboratory, како и Susan Yun и Felix Ad од YUN Architects.

Sugiomoto и тимот внимателно разгледале сè, од единствена уметност и мебел, до подовите и плафоните, со цел да внесат чувство на природен мир во опкружување каде што можеби не се очекува да се најде. Крајниот резултат е единица која функционира како „Gesamtkuntswerk“ или уметничко дело што произлегува од синтетиза на различни форми.

8_resize

5_resize

Клучен двигател на процесот е она што Sugimoto го опишува како потпирање на „предмодерните методи кои се речиси застарени дури и во Јапонија“. Користените материјали вклучуваа 1.000 години стар Yakusugi кедар , камења од 15 век кои често се среќаваат во градините од периодот на Murmachi и јапонски shikkui малтер, материјал кој апсорбира CO2 на база на вар, кој исто така вклучува екстракти од морски алги и природни растителни влакна.

2_resize

Овие традиционални допири постојат низ целиот стан, а централно место има инсталацијата наречена „Пловечка внатрешна градина“.

„Токму како што Централ Парк, кон кој гледаат дел од прозорците, е еден модел на природата, јас дополнително го минијатуризирав тој модел за да направам бонсаи градина “, вели Sugimoto во соопштението за печатот каде е објавувен огласот за продажба на станот. „Еден ден во иднината, кога ќе ја изгубиме секоја врска со природата, бонсаи градината во овој простор ќе остане како слика на природата каква што некогаш постоела“.

9_resize

7_resize

6_resize

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top