Украинската архитектката и дизајнерка, Јулија Бутова својата инспирација најчесто ја црпи од децата, па токму поради оваа причина во нејзините проекти може да се забележи поголемо присуство на колоритни парчиња на мебел.
Во овој стан примарни бои во дневниот простор се црвената и жолтата кои одлично се вклопуваат со неутралните и смирувачки тонови на сивкасто – кафена боја.
Начинот на кој се употребени парчињата мебел и играта со свежи и неутрални тонови, претставува на еден начин игра на сложувалка.
Во детската доба не изостанува жолтата боја, но сега придружена од поголем број на бои, заедно претставуваат еден прекрасен детски колостичен свет.
Одличниот тепих како и геометриските форми на ѕидот во најразлични бои создаваат еден детски инспиративен свет од кој ни едно дете не би сакало да излезе.