Компанијата „Електромреже Србије“ (EMС) доби грант од 8,5 милиони евра за изградба на четвртата делница од Трансбалканскиот коридор, што дополнително ќе ја забрза реализацијата на овој проект кој ги поврзува електроенерегтските системи на Бугарија, Унгарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и овозможува поголем транзит на енергија. Грантот е добиен од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Во склоп на проектот за кој се вели дека е најголем во историјата на ЕМС и вреди околу 200 милиони евра, досега се реазлизирани две делници, а третата треба да започне да се гради следната година.
Четвртата делница за која е обезбеден споменатиот грант, подразбира изградба на двосистемски 400 kV интерконективен далековод од трафостаницата „Бајина Башта“ до границите со Босна и Херцеговина и Црна Гора. Почетокот на работите е планиран за 2025 година, а завршетокот во 2027 година. Проектот ќе се финансира и со кредит од германската развојна банка KfW, Договорот за овој кредит е потпишан на крајот од минатата година.