Насловна / Вести / Извештај за квалитетот на европските водени површини

Извештај за квалитетот на европските водени површини

Европската агенција за животна средина (EEA) во соработка со Европската Комисија, известува дека најголемиот дел од европските капалишта ги исполнува највисоките стандарди за квалитетот на водата во ЕУ. Извештајот е заснован на следењето на 21.973 капалишта ширум Европа. Крајбрежните капалишта (се мисли на морските крајбрежја), кои сочинуваат околу 2/3 од сите капалишта, генерално ги надминуваат локациите на реки и езера (локации во внатрешноста) во поглед на квалитетот на водата. Во 2022 година, 88,9% од крајбрежните капалишта во ЕУ се класифицирани како „одлични“, во споредба со 79,3% од локациите во внатрешноста. Кипар, Австрија, Грција и Хрватска се истакнале пред другите со 95% од локациите со „одличен“ квалитет во 2022 година. Капалиштата во Малта, Бугарија, Романија Словенија и Луксембург, го исполнувале најмалку минималниот „доволен“ квалитет.

bathing1

bathing2

Процентот на капалишта со лош квалитет на водата опаѓа во текот на последната деценија и стабилен е од 2015 година, на само 1,5% во 2022. Тоа значи дека се намалуваат и здравствените ризици поврзани со капењето во европските води. Урбаните води за капење, првенствено во Грција, Франција, Италија и Шпанија, сочинуваат 8% од вкупниот број и значително продонесуваат за квалитетот на живот во градовите. Балтичкото море, Северното море и Јадранското море се препознати како многу чисти.

bathing3

Испрати коментар

Scroll To Top