Насловна / Вести / Извештај: Светската банка тајно го финансира развојот на производство на јаглен во Азија

Извештај: Светската банка тајно го финансира развојот на производство на јаглен во Азија

Светската банка индиректно го финансира развојот и подемот на производство на енергија од јаглен во Азија и покрај најавите дека ќе го сопре мнозинството финансирања на овој сектор, се тврди во извештајот на активистичката Меѓународна организација за инклузивен развој (IDI) објавен во понеделникот.

Термоцентралите на јаглен придонесуваат за промена на климата и намалување на површините под шуми на Земјата, како и за порастот на смртоносните болести, а никнуваат како печурки по дожд на потегот од Бангладеш до Филипини, и тоа со поддршка на финансиски посредници коишто ги поддржува Светската банка, покажува извештајот на IDI.world-bank

Оваа организација е основана во 2011 година со фокус на човековите права и етичноста во развојот. Извештајот го објави во соработка со, исто така, активистичките организации како што се Центарот за информации за банките и Советот за одговорност.

Од Светската банка во 2013 година објавија дека во целост ќе ја стопираат поддршката за градење на централи на јаглен и дека ќе ги поддржуваат само во „вонредни околности“, кога не постои одржлива алтернатива.

Меѓутоа, во меѓувреме банките и инвестициските фондови кои ги поддржува Меѓународната финансиска корпорација (IFC) на Светската банка, финансирале 41 проект за производство на електрична енергија од јаглен, тврдат авторите на споменатиот извештај.

Изминатите години активистите жестоко го критикуваа IFC поради поддршката на финансискиот сектор, вклучително и банките инвестициските фондови, тврдејќи дека претставуваат последната инстанција во процесот на заобиколување на механизмите за заштита на природната средина и на општеството, вградени во критериумите за одобрување на проектите предложени за финансирање преку IFC. Кредитирањата на финансискиот сектор сега го сочинуваат нешто повеле од половината долгорочни обврски на IFC, тврдат од IDI.

Инаку IFC не ги идентификува крајните примачи на парите коишто им ги одобрува на финансиските посредници. Затоа, на луѓето на коишто тие проекти им нанеле какви и да се штети, тешко може да бараат отштета, се истакнува во извештајот. И покрај тоа, авторите со анализа на податоците успеале да идентификуваат 56.127 мегавати нови капацитети зa производство на енергијата од јаглен кои се индиректно финансирани преку IFC.

Меѓу нив е и планираното градење на термоцентралата на јаглен со капацитет од 1.360 мегавати во Бангладеш, на работ од шумата во којашто живеат многу загрозени видов, а од којашто исто така егзистираат два милиона луѓе. Светската банка ја откажа поддршката за овој проект, но потребните финансиски средства потоа ги одобрија шест банки кои сите се финансираат преку IFC, покажува извештајот.

Одговарајќи на прашање од AFP, портпаролот на IFC, Фредерик Џонс, изјавил дека во ток меѓународен кредитор заклучиле дека извештајот бара сериозно разгледување. „Тој поставува важни долгорочни прашања за тоа како ќе креираме посилни пазари на чиста енергија и поттикнувања за земјите и приватниот сектор да не вложуваат во јагленот, туку во обновливите извор“ на енергија, рекол Џонс. Додал дека од 2005 година IFC вложил повеќе од 15 милијарди евра во обновливите извори на енергија, во енергетската ефикасност и во други области, а биле мобилизирани дополнителни 10 милијарди долари.

Портпаролот, сепак, признава дека IFC не им забранува на клиентите во инвестицискиот сектор финансирање на термоцентралите на јаглен, што значи дека е можно таа институција индиректно да е изложена на индустријата,и тоа и покрај тоа што кредитите на IFC за играчите во финансиската индустрија не се наменети за финансирање проекти поврзани со јагленот, а насоченото кредитирање е „осигурено“ за да се спречи таквата практика, напомнува Џонс.

 

Испрати коментар

Scroll To Top