Секретаријатот на Енерегетската заедница, пред состанокот на Министерскиот совет, закажан за денес (15.12.2022) во Виена, го објави Годишниот извештај за имплементација за 2022 година, во кој го следи усогласувањето на прописите, односно реализирањето на реформите во енергетскиот сектор од страна на земјите договорни страни.
„И покрај дестабилизацијата поради војната во Украина, многу од договрните страни имаат остварено напредок во реформите на енергетскиот сектор. Реформите во одредени земји дури и добиле на интензитет. Сепак, сеуште има значајни предизвици, а секретаријатот ќе продолжи да прави се што е во негова моќ да ги поддржи договорните страни во примена ан реформаската агенда во согласност со договорот за формирање на Енергетската заедница и Европскиот зелен договор“, изјавил директорот на Секретаријатот Артур Лорковски.
Кога станува збор за конкретни бројки, просечниот напредок во минатата година е 3 процентни поени (на скала од вкупно 100), при што прва е Молдавија со 7 процентни поени напредок. Македонија има напредок од 3 поени, а истиот резултат е забележан и кај Србија и Украина. На дното е Косово со напредок од 0,1 процентен поен. Што се однесува до вкупните остварени резултати, кои се вреднуваат врз основа на три столба (електрична енергија, гас и одржливост) најдобра е Црна Гора чиј вкупен скор е 69 поени. Македонија има 64 поени, колку што има и Украина.