„Реформите во регионот на Западен Балкан мора да се забрзаат со цел да се испочитуваат планираните рокови за спојување на пазарот на електрична енергија. Воспоставувањето на правна рамка ускладена со Третиот енергетски пакет и основањето на берзи на електрична енергија се клучни предуслови за тоа, но сеуште не се исполнети во сите земји на регионот“, соопшти Секретаријатот на Енергетската заедница, по повод овјавувањето на најновиот извештај за електричната енергија за Западен Балкан (WB6 Electricity Monitoring Report).
Извештајот ги истакнува позитивните задвижувања во воспоставувањето на пазарите „ден – однапред“ во Црна Гора и Северна Македонија.
Откако е подготвен извештајот, Албанија го известила Секретаријатот дека Владата на оваа земја, на 15-ти мај донела одлука за формирање на берза на електрична енергија (APEX). Секретаријатот ја поздравил оваа одлука, и навел дека добил и потврда од албанските власти дека е откажано спојувањето на двете државни енергетски компании KESH и OSHEE, потег кој предизвикал загриженост на меѓународните партнери. Меѓутоа, извештајот укажува на значителни доцнења во раздвојувањето на дејностите на операторот на дистрибутивниот систем – OSHEE.
„BELEN, црногорската компанија задолжена за воспоставување на пазар „ден однапред“, го избрала Nord Pool за свој стратешки партнер“, се наведува во извештајот и се додава дека се очекува црногорската берза за електрична енергија (MEPX) да започне со работа во првиот квартал на 2020 година.
Северна Македонија постигнала напредок во операционализација на операторот на пазарот за електрична енергија (MEMO), кој е во фаза на лиценцирање. Владата на Северна Македонија ќе мора да донесе одлука за тоа дали да го именува MEMO за оператор за пазарот „ден однапред“, или да го избере на тендер. Од друга страна пак, Северна Македонија, како што се наведува во извештајот, продолжува да го одложува усвојувањето на новите правила за балансирање, кои требаше да бидат објавени уште во септември 2018 година.
Анализата на прописите во областа на прекуграничното балансирање, спроведена како дел од Програмата за поврзување на пазарите на енергија на Западен Балкан, покажала дека обезбедувањето на балансните капацитети е дефинирано на годишно ниво, и дека недостасува постапка на претквалификација за оние кои ја пружаат оваа услуга.
Во Извештајот се истакнува дека спорот за распределба на капацителите помеѓу операторите на преносните системи на Косово и Србија би требало да биде решен, и потсетува дека Министерскиот совет на Енергетската заедница донел одлука со која од Србија се бара да ги отстрани неправилностите т.е кршењето на прописите на ЕУ најдоцна до крајот на мај. Напредокот во обезбедувањето услови за стапување на сила на Спогодбата за поврзување помеѓу KOSTT и ENTSO-E зависи од лиценцирањето на српскиот снабдувач во Косово.
Извештајот вели дека е остварен видлив напредок кон финализирање на раздвојувањето и сертификација на операторите на пренодните системи во Северна Македонија и Косово. Босна и Херцеговина, останува единствената земја во регионот во која сеуште не е покрената постапка за сертификација поради недостаток на прописи кои се во согласност со барањата за раздвојување од Третиот енергетски пакет.
Освен Северна Македонија, каде во периодот по последниот извештај е завршено функционалното раздвојување на операторот на дистрибутивниот систем, во другите земји во кои ова прашање беше отворено не е постигнат напредок ниту во правно ниту во функционално раздвојување. Со цел да им помогне на земјите од регионот, Секретаријатот стартуваше проект за техничка помош за ефикасно спроведување, следење и известување за функционалното раздвојување на операторите на дистрибутивните системи (ОДС), во рамките на Програмата за поврзување на пазарите за енергија на Западен Балкан.
Во секторот снабдување со електрична енергија, Северна Македонија е единствена која постигнала напредок, преку изборот на универзален снабдувач во конкурентна тендерска постапка.