Грчкиот архитект и фотограф Yiorgis Yerolymbos издаде книга во која е документиран процесот на изградба на Културниот центар на Фондацијата Stavros Niarchos (Stavros Niarchos Foundation Cultural Centre) во Атина, според проект на Renzo Piano.
Yerolymbos внимателно го документирал секој момент додека просторот на поранешниот Олимписки паркинг постепено се претворал во културен центар со парк. За време од речиси една деценија, и буквално од секој агол, фотографот ја следел оваа трансформација. Сепак, фотографиите од птичја перспектива доминираат и се емеѓу највпечатливите. Книгата е издадена од страна на Yale University Press, и насловена е Orthographs (Ортографии) .