Насловна / Вести / Изведба на непроодни тераси на објектот „Агро Берза” во Струмица

Изведба на непроодни тераси на објектот „Агро Берза” во Струмица

Инвест А Скопје, основана е во 2001 година како фирма членка на групацијата АДИНГ, со работен фокус на специфични градежни изведби и решенија, меѓу кои спаѓа и изведба на проодни, непроодни тераси и зелени кровови. Еден од специфичните реализирани проекти низ годините е изведба на непроодни тераси на објектот „Агро Берза“ во Струмица.

Во рамките на овој проект изведени се 15.500 m2 непроодна кровна тераса, во значително краток временски период од септември до декември 2019 година.

01_resize

Системот на изведената кровна тераса се состои од:

• А.Б. плоча;

• Парна брана – Тек дреин – ПЕ (Tech drain – PE);

• Термичка изолација од – Експандиран полистирен (стиропор) 25 kg/m3;

• Завршна УВ стабилна хидроизолација од ПВЦ фолија (кровна мембрана) – Флагон СР
(Flagon SR) 1,5 mm.

Специфичноста на овој проект е изведбата на падовите на кровните тераси од падиран стиропор со дебелина која се движи од 8 cm до 32 cm. Во однос на постигнување на поедноставена и рационализирана изведба, термичката излоација е изведена од два слоја:

1. Подлошки со различна дебелина;

2. Типски падиран елемент (клин).

02_resize

03_resize

Преку употреба на падираниот стиропор без изработка на бетонска подлога за пад, се појави потребата од решение за фиксирање на завршната ПВЦ хидроизолација за армиранобетонската подлога. Во насока на изнаоѓање на отпимално решение, земени се предвид – висината на објектот, неговата отвореност и ружата на ветрови, со што за секоја тераса изработена е поединечна шема за монтажа и фиксирање на фолијата. Фиксирањето на фолијата е постигнато со употреба на специјални штрафови со типли со 13 различни димензии од 120 mm до 375 mm. На овој начин постигнат e саканиот ефект – избегнување на собирање на ПВЦ фолијата на ниски температури, како и неутрализирање на силата на потисок од ветровите.

04_resize

05_resize

06_resize

Со оглед на периодот во кој се одвиваше оваа специфична изведба, очекувани беа неповолни временски услови и истите не го попречија континуитетот во спроведување на изведбата. Имено, обилните и честите есенски врнежи бараа посебна ангажираност за спречување на заробување на атмосферска вода во слоевите. Решението за овој предизвик беше со обележување на најниските точки од армирано бетонската носива плоча, од кои со помош на потопни пумпи и правосмукалки за вода, се постигна целосно исцрпување на водата.

07_resize

08_resize

За реализација на овој проект беа ангажирани 20 градежни работници, кои за 109 дена, вградија 15.000 m2 парна брана, 28.500 парчиња стиропор, 18.000 m2 ПВЦ фолјија и 50.000 штрафови.

09_resize

Успешната реализација на овој проект се должи на стручниот тим на Инвест А во соработка со останатите компании членки на Деловниот систем Адинг.

Испрати коментар

Scroll To Top