Насловна / Арт и дизајн / Изум на Словенци: работна маса со безжично полнење на мобилен телефон

Изум на Словенци: работна маса со безжично полнење на мобилен телефон

Katedra-Desnahemisfera-1-726x400

Љубљанското студио Desnahemisfera за фирмата Donar дизајнираше работна маса која благодарение на QI стандардите го полни телефонот на корисникот со самото оставање на нејзината површина.

Katedra-Desnahemisfera-2-630x419

Работната плоча е направена од Kerrocka во кој е интегриран полнач AirCharge со LED светла. Кога телефонот ќе се остави на означеното кружно поле, LED светлата ќе се запалат во црвена боја кога телефонот се полни, зелена кога батеријата е наполнета, односно бела кога е во stand-by режим. Треба само телефонот да се спушти на означеното кружно поле, па батеријата ќе почне да се полни.

Katedra-Desnahemisfera-4-630x943

Но, секој телефон не би можел да се наполни на овој начин, мобилниот телефон треба да поддржува QI стандарди. Тоа се главно понови модели како Samsung Galaxy 4 или 5, iPhone 5S или 6, Nokia Lumia 920, 930, 1020, 1520.

Katedra-Desnahemisfera-3-630x419

Како контраст на работната плоча тука е делот со фиоките, направени од дрвени греди кои се отвораат по пат на механизам со допир.

Katedra-Desnahemisfera-5-630x364

Испрати коментар

Scroll To Top