Насловна / Арт и дизајн / Израз на стил – мермерните кади Dedalo

Израз на стил – мермерните кади Dedalo

Колекцијата мермерни кади на италијанскиот бренд Dedalo нуди различни избори на дизајнот и гарантира целосно прилагодување на производот. Кадите Dedalo се направени од еден блок мермер и благодарение на нивната патентирана технологија за обработка на каменот, тие имаат многу мала тежина, што ја олеснува нивната инсталација во бањата.

c2_resize

c1_resize

Cratere

Колекцијата на кадите Dedalo содржи повеќе модели.  Мермерна када „Cratere“ се карактеризирана со кружен облик и доаѓа во две димензии со дијаметар 160 и 170 сантиметри, а мермерната када „Nuvola“ со своите меки и скулптурални форми може да биде со димензии 85/190 или 90/200 сантиметри. Тие се совршени елементи за модерните и пространи бањи. Можат да бидат поставени покрај ѕид, но и двата модела најдобро ја изразуваат својата убавина ако се постават во центарот на просторот.

n1_resize

n2_resize

n3_resize

Nuvola

Кадата „Onda“, со правоаголна форма и со остри линии, е идеална дури и за помали простории и може да се комбинира со мермерена туш када и соодветен мијалник.

o1_resize

o2_resize

o3_resize

Onda

Моделот „Hydra“ е производ кој Dedalo го промовира на најважните меѓународни саеми за мермер како што се Marmomac во Верона и Fuorisalone во Милано. Дизајнирана е со брановидно, ергономско и елегантно мермерно седиште, во комбинација со две транспарентни кристални плочи. Оваа када може да се прилагоди со димензиите и се добива од единствен мермерен блок во работилницата на во Carrara.

h1_resize

h2_resize

h3_resize

Hydra

„Lira“е исклучително елегантен мермерен предмет, дизајниран да опреми бањи со префинет вкус, како класичен, така и модерен. Нејзиниот дизајн потсетува на минималистички стилски компоненти, типични за современиот мебел, но истовремено основната форма и потпирачот за глава во мермер и ковано железо асоцира на имагинацијата на античките Римјани.

l1_resize

l2_resize

l3_resize

Lira

Покрај тоа што Dedalo нуди кади со различни димензии и форми, брендот нуди можност и за избор на типот на мермерот, како што се: bianco carrara, bardiglio nuvolato, calacatta caldia, crema luna, onice arcoiris и rosso collemandina.

Испрати коментар

Scroll To Top