Насловна / Архитектура / Израз на естетика низ материјалност

Израз на естетика низ материјалност

51d076e3b3fc4b4480000070_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0017-3-1000x631

Архитектот Guilherme Torres од Сао Паоло, развива идеја која е склоп помеѓу традиционалното и модерното. Неговата сопствена куќа, кој тој самиот ја дизајнирал, е обложена со испреплетен, кариран дизајн од дрво. Токму овој дизајн всушност е направен од вид на брисолеи наречени муксараби, кој е типична појава за архитектурата на Истокот.  Подоцна овој систем бил применуван од страна на португалците што го донеле во Бразил. Овој елемент со неговата силна естетска појава, е применет во оваа резиденција која се наоѓа на југот од земјата, а има улога на дрвена завеса која дозволува циркулирање на воздухот, пропуштање на светлина, а исто така има и заштитна улога.

„Штом го видов благиот наклон на парцелата опкружена со други обејкти, веднаш ми дојде идејата за овој огромен панел, за да се обезбеди приватност како за сопсвениците така и за соседите“, вели Guilherme. Оваа монуменатална куќа стои како еден огромен монолитен правоаголник со два големи ѕидани блокови кои се во контраст со горниот бетонски дел. Неколку столбови, огромна покривна површина и стратешки поставените ѕидови, создаваат исклучително убави градини кои се од голема важност за животот на младиот брачен пар и нивните деца.

Декорацијата го следи бразилскиот стил со примеси на дизајнот на самиот Guilherme Torres како и неколку парчиња мебел од познатите бразилски дизајнери Sérgio Rodrigues и Carlos Motta. Композицијата на преклопување, карактеристична за бразилскиот стил, е избалансирана со интернационалниот дизајн на Tom Dixton. Градината, дизајнирана од страна на Alex Hanazaki, ѝ дава на куќата воздушна атмосфера поради треперењето на посебниот вид на тексашката трева.

51d076ddb3fc4b7648000078_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0005-5-749x1000 51d077b0b3fc4b4ace0000a4_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0160-2_tratada_-2--666x1000 51d077b7b3fc4b764800007c_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0176-2-830x1000 51d077d1b3fc4b4ace0000a5_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0180-1-1000x666 51d077d9b3fc4b764800007d_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0198-2-694x1000 51d0770bb3fc4b7648000079_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0047-2-666x1000 51d0772ab3fc4b4ace0000a2_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0063-4_tratada-1000x595 51d0772eb3fc4b4480000071_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0073-3-666x1000 51d0774ab3fc4b764800007a_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0093-2-674x1000 51d0775ab3fc4b4ace0000a3_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0116-4-751x1000 (1) 51d0776eb3fc4b4480000072_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0119-1-804x1000 51d0777fb3fc4b4480000073_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0122-3-1000x672 51d07704b3fc4b4ace0000a1_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0026-3-777x1000 51d07791b3fc4b764800007b_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0145-2-869x1000 51d07801b3fc4b4480000074_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0242-1-691x1000 51d07811b3fc4b764800007f_bt-house-studio-guilherme-torres__mg_0250-1-679x1000

Испрати коментар

Scroll To Top