Насловна / Вести / Израелскиот парламент прифати закон кој овозможува присвојување стотици хектари палестинска земја

Израелскиот парламент прифати закон кој овозможува присвојување стотици хектари палестинска земја

Израелскиот парламент прифати закон кој овозможува присвојување стотици хектари палестинска земја

Изралескиот парламент вчера прифати закон кој на државата ќе ѝ овозможи да присвои стотици хектари палестинска земја на окупираниот Западен брег, нанесувајќи им уште еден тежок удар на напорите за мирно решение на кризата.palestina-israel

Законот за кој гласаа 60, а го одбија 52 пратеници, беше прифатен во третото, последно читање, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го информираше сојузникот Вашингтон за расправата околу прашањето.

Законот го озаконува одземањето палестинска земја и е понатамошен чекор кон барем делумна анексија на Западниот брег, оценуваат неговите критичари.

Во говорот по гласањето Безалел Смотрич од националистичката верска партија Еврејско огниште, која е еден од предлагачите на законот, изрази задоволство од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи „без него законот најверојатно не би минал“.

Испрати коментар

Scroll To Top