Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Израелскиот парламент ќе произведува електрична енергија за свои потреби

Израелскиот парламент ќе произведува електрична енергија за свои потреби

IM000791.JPG
Израелскиот парламент планира да стане „најзелен на светот“, на тој начин што ќе произведува електрична енергија за своите потреби, но ќе презема и други мерки за намалување на потрошувачката на енергија. Неодамна е промовиран проектот за заштеда на енергија и намалување на еколошкиот отпечаток на зградата на парламентот.

Проектот ќе трае две години, а меѓу другото предвидува поставување на 4.500 m2 фотоволтаични модули за производство на електрична енергија, автоматско исклучување на компјутерите на крајот од работниот ден, регулирање на количината на вода за наводнување и сл. Оваа иницијатива ќе чини два милиони долари.

Извор: energetika-net

Испрати коментар

Scroll To Top