Владата на Израел соопшти дека планира да изгради термална соларна централа со моќност од 121MW која ќе се наоѓа во пустината Негев. Централата ќе биде изградена од конзорциум составен од израелската компанија „Shikun&Binui“ и шпанската компанија „Abengoa“. Во план е централата да биде изградена до 2018 година, а нејзината вредност ќе изнесува околу милијарда долари. Изградбата ќе биде финансирана од Европската инвестициска банка и US Overseas Private Investment Corp. Израел планира до 2020 година да произведува 10% од енергијата од обновливи извори, а најавена е изградба на уште една соларна централа.