Во Калифорнија беше инсталиран најголемиот зелен ѕид во светот, кој се состои од преку 12.500 различни растенија кои го покриваат лобито во канцелариите на Neustar и LinkedIn. Ѕидот е дизајниран како самоодржлива структура која може да задржи вода, односно има карактеристики кои придонеле за добивање на статусот Leed Gold Building.
Дизајнот на ѕидот е изработен од студиото Habitat Hоrticulture, а се состои од два засебни ѕида кои се поврзани на аголот. Првиот ѕид зафаќа вкупна површина од 1.426 метри квадратни од монохроматски зелени растенија, а вториот ѕид зафаќа површина од 1.027 метри квадратни каде што се засадени 23 различни растенија, кои придонесуваат за добивање различна текстура, боја и волумен.
Ваквиот зелен простор во лобито овозможува растенијата да ги екстрахираат токсините од воздухот, придонесувајќи за поздрава животна средина.