Насловна / Екологија / Изминатото лето и официјално најтопло во историјата

Изминатото лето и официјално најтопло во историјата

TEmperaturi na kopno i voda 2015 vo svetot

Летото што е зад нас било најтопло од кога се води евиденција за вредноста на температурите (1880 година), но многу е веројатно дека тоа е можеби најтопло во последните 4000 години. До оваа констатација дошле научниците од американската агенција за истражување на океаните и атмосферата (NOAA).

Температурите во  текот на седум од девет месеци оваа година достигнале  рекорд, а сега, во текот на есента, забележани се  највисоките септемвриски температури на површината на  копното и океаните, пренесува CNN. Како што соопштува  NОАА, просечната глобална температура на површината на копното и океаните во септември оваа година била за 1,62 степени Фаренхајтови повисока во однос на просекот во текот на 20. век.

Najtoplo leto

Метеорологот на CNN, Дејв Хенен вели дека „неочекуваната жештина ќе продолжи да се зголемува под влијание на моќниот Ел Нињо во Пацификот.

„Со 98% веројатност дека моќното влијание на Ел Нињо ќе продолжи, практично е сигурно дека оваа година ќе заврши како најтопла досега“, изјавил Ханен.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top