Музејот на Југославија во Белград, поттикнувајќи партиципативен пристап, ја покани публиката од регионот да го пронајде југословенското наследство во своите домови, да се проба во кустоска работа и да биде дел од тимот што ја реализира виртуелната изложба #YUDOM.
Проектот се реализираше во периодот на вонредната состојба, прогласена поради пандемијата Ковид -19, а кустоскиот тим на Музејот презентираше фотографии од предмети кои припаѓаат на југословенското секојдневие, а сега се дел од музејската колекција.
Повеќе од илјада учесници од целиот регион придонесоа за изложбата, од која беше направен избор и претставен во оваа публикација. Критериум за избор беа квалитетот на фотографиите, разновидноста на материјалите, но и приказните што ги придружуваа предметите.
Музејот на Југославија е благодарен на сите учесници за нивното учество и придонес во истражувањето на југословенското наследство.
Можете да преземете PDF со избраните предмети на следниот линк.