Насловна / Вести / Изложбата „Пикасо можеби јас“ на Филип Фидановски отворена во МГС

Изложбата „Пикасо можеби јас“ на Филип Фидановски отворена во МГС

Изложба под наслов „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски беше отворена во Музеј на Град Скопје, по повод 135 години од раѓањето на Пабло Пикасо, а под покровителство на амбасадата на Шпанија во Скопје.

Изложбата, која ќе може да се види до 7 ноември годинава, ја отвори шпанскиот амбасадор во Македонија Рамон Абароа Каранса.kpo_9141

На изложбата се претставени 13 скулптури изработени во стандардна керамичка техника, енгоба и глазура, печени на 1100 Целзиусови степени, како и една скулптура изработена во порцелан. Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрирал во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Во периодот 2003 – 2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.kpo_9058 kpo_9055 kpo_9041

Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Од 1995 до 2015 година учествувал на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет, а има и тринаесетина самостојни изложби. Учествувал на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство.kpo_9036 kpo_9038 kpo_9039 kpo_9041 kpo_9049 kpo_9059 kpo_9187

Испрати коментар

Scroll To Top