Насловна / Архитектура / Изложбата на архитектура на Биеналето во Венеција отворена за јавноста

Изложбата на архитектура на Биеналето во Венеција отворена за јавноста

17-та меѓународна изложба на архитектура на Биеналето во Венеција отворено е за јавноста од 22 мај до 21 ноември 2021 година на Giardini, Arsenale и Forte Marghera, насловена „Како ќе живееме заедно“?, а курирана од Хашим Саркис.

1_resize

Архитект, едукатор и научник, Саркис е директор на бирото Hashim Sarkis Studios (HSS) основано во 1998 година со канцеларии во Бостон и Бејрут. Исто така е и декан на Школата за архитектура и планирање на Massachusetts Institute of Technology (MIT) од 2015 година.

Пред да се приклучи на MIT, Саркис бил професор по пејзажна архитектура и урбанизам на Aga Khan, Универзитетот Харвард. Предавал и на Rhode Island School of Design, Yale University, the American University of Beirut и Metropolis Program во Барселона.

2_resize

Хашим Саркис

Меѓународна изложба

Меѓународната изложба во конкуренцијата вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации во пораст од Африка, Латинска Америка и Азија и со широка застапеност на жените.

Изложбата е организирана во пет скалила, три се изложени во Arsenale – Меѓу разновидни суштества, како нови домаќинства, како заедници во развој – и две во Central Pavilion – Преку границите и Како една планета.

Дел од изложбата е насловен „Како ќе играме заедно“?. Придонес на пет интернационални архитекти кои учествувале во проектот посветен на детската игра, на изложбата во Forte Marghera и отворен за јавноста.

3_resize

Achim Menges / ICD University of Stuttgart e Jan Knippers / ITKE University of Stuttgart (Achim Menges; Jan Knippers)

4_resize

Becoming Urban: Trajectories of Urbanisation in India, 2021 – Rahul Mehrotra; Sourav Kumar Biswas; GSD, Harvard University

5_resize

Microcosms and Schisms, 2021 – Nora Akaw et al.; The Cooper Union

Ова издание исто така вклучува низа учества вон конкуренцијата:

Stations + Co-Habitats, истражување во пет нивоа со релативни студии на случаи развиени од истражувачи од универзитети низ целиот свет;

посебно учество на израелскиот уметник Michal Rovner во Central Pavilion; Future Assembly „изложба во рамките на изложбата“ од Studio Other Spaces (претставено од Olafur Eliasson и Sebastian Behmann;

6_resize

Future Assembly

Sport Platform, надворешна инсталација, Giardini; специјалниот настан од фондацијата Vuslat, која претставува инсталација од Giuseppe Penone, Arsenale.

Петта година по ред, La Biennale di Venezia и the Victoria и Albert Museum, Лондон го презентираат Специјалниот проект на Павилјонот на применета уметност (Arsenale, Sale d’Armi A) со наслов „Три британски џамии“. Во соработка со архитектот Шахед Салем, изложбата го разгледува често недокументираниот „направи сам“ свет на џамии, адаптирани за употреба.

7_resize

Three British Mosques

Земји

61 државно учество ќе ги оживеат историските Павилјони Giardini, Arsenale и историскиот центар на Венеција, а три земји за прв пат учествуваат на биеналето: Гренада, Ирак, Узбекистан.

мк

„Сега” –изложбата на македонскиот претставник

Златен лав за животно дело за Рафаел Монео

Рафаел Монео е добитник на Златниот лав за животно дело на Биеналето на архитетура 2021.

Шпански архитект, педагог, критичар и теоретичар. „Во текот на својата долга кариера, Монео ја задржал поетска моќ, потсетувајќи нè – изјави Саркис – на моќта на архитектонската форма да изрази, да обликува, но и да издржи.”

За да го прослави Монео, Хашим Саркис постави мала изложба во Павилјон на книгата на Giardini: селекција на пластични модели и амблематски слики од градбите кои ги реализирал шпанскиот архитект, што може да се смета како одговор на прашањето „Како ќе живее заедно“?

8_resize

Рафаел Монео 

Специјален Златен лав постхумно за Лина Бо Барди

Лина Бо Барди (1914-1992) е добитник на специјален Златен лав, кој постхумно и е доделен за животно дело. Хашим Саркис ја објасни наградата на следниов начин: „Ако постои еден архитект кој најдобро ја претставува темата за Биеналето на архитектурата 2021 година, тоа е Лина Бо Барди. Нејзината кариера како дизајнер, уредник, кустос и активист, потсетува на улогата на архитект како обединувач и што е најважно, како градител на колективни визии. Лина Бо Барди исто така ја илустрира упорноста на архитектот во тешки времиња, било да се тоа војни, политички конфликти или имиграции, и нејзината способност да остане креативна, великодушна и оптимистична со текот на времето“.

9_resize

Лина Бо Барди

Испрати коментар

Scroll To Top