Вечер (6 јули), со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на компјутерска графика „Дијалог“ на авторката Јадранка Урдаревски од Скопје.
М-р Јадранка Урдаревски во 1991 дипломирала на Факултетет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со модно креирање во класата на Петар Хаџи Бошков и Стеван Маневски. Магистрирала на ФЛУ во 2009 год. на отсек вајарство кај професор Жарко Башевски, на тема „Вербална метаморфоза“.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 20 јули.