Насловна / Арт и дизајн / Изложбата „Алан Форд го трча почесениот круг“ во Музејот на Југославија

Изложбата „Алан Форд го трча почесениот круг“ во Музејот на Југославија

Во Музејот на Југославија во Белград од 2. декември ќе се биде отворена изложба „Алан Форд го трча почесниот круг“, која е еден од најпосетуваните словенечки културни настани во 2019 година.

На изложбата „Алан Форд го трча почесниот круг“ ќе бидат прикажани 152 оригинални табли од раниот период (1969-1975), кога на стрипот работел препознатливиот италијански авторски двоец Магнус-Бункер, како и три насловни цртежи од Паоло Пифарери.

аф1_resize

Историја на стрипот „Алан Форд“

Првиот број на „Алан Форд“ е објавен во мај 1969. година. Осмислен е од  Лучано Секи – Макс Бункер, како сценарист и цртач Роберто Равиола Магнус. Една година подоцна, овој сатиричен стрип ја освои наклонетоста на публиката низ цела Југославија, поради неговите впечатливи цртежи, духовити дијалози и вешта иронија, како и исклучителниот превод на Ненад Брикси.

„Стрипот ги исмеваше сите корумпирани, неспособни и изманипулирани луѓе во светот. Никого не штедеше. Тој ги обработи убавите и грдите, богатите и сиромашните, чесните и крадците. Настаните во стрипот се апсурдни, изненадувачки, духовити и апсолутно политички некоректни. Некои цитати станаа дел од секојдневниот говор, така можеме да го препознаеме неговото влијание во музиката (Прљаво казалиште) и на филмот (Маратонците го трчаат почесниот круг, Кој тоа тамо пее). Денес, стрипот е подеднакво интересен поради моменталната општествено-политичка состојба, па многумина го доживуваат речиси пророчки“, објаснува авторот на изложбата, Рок Главан, колекционер на стрипови од Словенија.

аф_resize

Организација на изложбата 

Изложбата ја организираат Музејот на Југославија и Институтот за култура и образование од Љубљана, во соработка со Националната галерија на Словенија, Италијанскиот институт за култура во Белград и Кинотеката на Југославија.

„Многу сме среќни што сме домаќини на оваа запазена изложба. Алан Форд е несомнено еден од феномените кои го карактеризираат југословенското наследство и југословенското искуство. Затоа, би сакала да им се заблагодарам на сите соработници, донатори и спонзори кои ни помогнаа во оваа година да ја реализираме изложбата и покрај сложените околности “, изјави директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, во пресрет на отворањето на изложбата.

аф3_resize

На изложбата ќе бидат претставени и ретки изданија на стрипот „Алан Форд“ од колекцијата на Маријан Матиќ и Марио Рељановиќ. Изложбата ќе биде отворена до 31. јануари 2021. година.

Испрати коментар

Scroll To Top