Утре, 08.02.2019, петок во 20.00 часот во галеријата на Младински културен центар –МКЦ во Скопје ќе се отвори изложбата Загрозен Модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба.
Изложбата претставува сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен Модернизам“, финасиран од средствата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2017/2018 година, а изложбата е поддржана и од Младинскиот културен центар во Скопје.
Автори на истражувањето и изложбата се: доц. д-р Ана Ивановска Дескова, доц. д-р Горан Мицковски, вонр. проф. д-р Елизабета Касапова и вонр. проф. д-р Јован Ивановски.
„Спектар на архитектонски стратегии… некои прагматични, а некои радикални… насочени кон испитување на потенцијалот на зградите за приспособување и промена
Што ако на зградите им дадеме нов живот“?!