Насловна / Вести / Изложба за зелена и незагадена животна средина

Изложба за зелена и незагадена животна средина

zelen-klik-640x320

Во културниот центар „Ку Ла“ во Скопје вечерва ќе биде отворена групната изложба „Зелен клик“ на која учествуваат 15-ина уметници од земјава обединети во инспирацијата за чиста, зелена и незагадена животна средина.
Публиката ќе види фотографии, илустрации, постери и накит од електронски отпад од стрип цртачот Тхе Мичо, фотографите Наташа Гелева, Драги Неделчевски,Томислав Георгиев, Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски и Виктор Поповски, ликовните уметници Зоран Инадески, Георги Равански и Горан Ристовски, рачно изработен накит на дуото „Меи Ро“ (Сандра Јовановска и Маја Стојковска), како и творби на тројцата наградени автори од повикот „Лице в лице со животната средина“ – Филип Неделковски, Петар Видоевски, Бојана Алексиевска и Славица Панова.
Изложените дела донесуваат различни аспекти на односот кон животната средина, а сите ги поттикнуваат граѓаните на проактивност.
На настанот ќе биде промовиран и новиот, 11. број на уличното списание „Лице в лице“, кој во фокусот ја има заштитата на животната средина и градењето еколошка свест.

Испрати коментар

Scroll To Top