Насловна / Арт и дизајн / Изложба за сите страстни љубители на „Ролинг Стоунс“

Изложба за сите страстни љубители на „Ролинг Стоунс“

Во лондонската галерија Saatchi, отворена е најголема и прва меѓународна изложба посветена на рок легендите „Ролинг Стоунс“.

stonsi london_1

Изложбата наречена Exhibitionism ќе биде отворена до септември оваа година. Посетителите можат да погледнат никогаш досега видени фотографии, видеа, облека, стари снимки и сувенири од приватните архиви од членовите на бендот.

stonsi london_2

Еден кат на галеријата е целосно посветен на уметничките соработки на бендот со најголемите имиња во модата, филмот и уметноста во светот, како што се Александар Меквин, Енди Ворхол, Том Стопард, Мартин Скорсезе и други.

По повод отворањето, Мик Џегер изјави дека за изложбата се размислувало со години, но и дека самиот процес на реализација се покажал како исклучително тежок.stonski london izlozba_07

По Лондон, изложбата ќе патува по другите светски метрополи.stonski london izlozba_06 stonski london izlozba_03 stonski london izlozba_02 stonski london izlozba_01 stonski london izlozba_05 stonski london izlozba_04

Испрати коментар

Scroll To Top