Насловна / Архитектура / Изложба за развојот на модернизмот во централноевропската архитектура во Белград

Изложба за развојот на модернизмот во централноевропската архитектура во Белград

izlozba bina 2015

Денес во Музејот на историја на Југославија во Белград ќе биде отворена изложбата насловена Lifting the Curtain. Central European Architectural Networks.

Изложбата „Подигнување на завесата. Централнoевропски архитектонски мрежи“ е создадена во соработка со истражувачи и организации од Полска, Австрија, Словачка, Чешка, Унгарија, Хрватска и Србија.

Изложбата претставува долгорочен истражувачки проект кој ја испитува улогата на централноевропските меѓународни архитектонски мрежи во различни фази, од почетокот на 20 век до адаптацијата на периодот по Втората светска војна, и нејзиното влијание врз пост-социјалистичките држави во регионот.

Со придонес од најактивните центри во регионот, овој проект претставува единствен обид да се обнови и продолжи да се одржуваат овие мрежи.

Проектот ги истражува клучните промени кои ја формирале модерноста во Централна Европа, со цел да се покаже локалниот прием и афинитетите кон глобалната модерност. Со цел да се илустрираат специфичностите на овие национални и транснационални приказни, како и мултидисциплинарните трансфери, изложбата се фокусира не на елементите, туку на механизмите на архитектонската продукција.

izlozba bina 2015 (2)

Триесет студиски теми се организирани во шест тематски целини: Соработка, Истражување, Експерименти, Средби, Размени и Јавност. Како еден вид на „посредници“ помеѓу тематските целини, на изложбата се претставени и поединечни архитекти кои формирале околу себе архитектонски кругови, работеле на развојот на колективниот архитектонски дискурс и значително придонесле за трансфер на модернизмот во локален контекст.

Нивната работа е претставена аналитички, преку графикони кои ги поврзуваат градовите, архитектите, институциите и важните настани или проекти.

Изложбата инаку е подготвена за Collaterals na la Biennale di Venezia 2014, а белградската публика и пошироката јавност од регионот ќе имаат можност да ја погледнат во периодот од 12 мај до 12 јуни.

Организатори на изложбата се Фондацијата за полска современа уметност – PMAF, Музејот на историја на Југославија, Белградска интернационална недела на архитектура (БИНА 2015) и „Група Архитекти“. Спонзори се Министерство за култура и национално наследство на Република Полска и Министерството за култура и информации на Република Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top