Денес, 27 октомври 2015 година во 13 часот, во организација на Амбасадата на Република Полска во Скопје ќе се отвори изложбата „POLSKA. ARCHITECTURE / ПОЛСКА. АРХИТЕКТУРА.“ во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет.
Специјален гостин на отворањето ќе биде Ева Порембска, архитект и архитектонски критичар, главен уредник на стручно списание „Architektura-Murator“, која ќе одржи воведно предавање за полската современа архитектура.
Изложбата ќе биде отворена од 27 октомври до 27 декември 2015 година.