Во четврток, 7 март во Националната галерија на Македонија, ќе биде поставена изложба по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената. Поставката ќе може да се погледне до крајот на овој месец.
На изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување.
Во колекцијата се застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), но и помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.) како и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.
Изложбата е проект од програмата на Националната галерија на Македонија за 2019 година, поддржана од Министерството за култура, ќе бидат изложени околу 70 експонати, ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература, а куратор ќе биде Горанчо Ѓоргиевски.