Во Музејот на современа уметност 21er Haus во Виена е отворена интересна изложба Sleepless. The Bed in History and Contemporary Art, која ја истражува улогата на креветот како во животот така и во уметноста.
Во кревет сме родени и поминуваме речиси една третина од животот. Мотивот за кревет на сликарските платна се појавува на крајот на 15 век, па така на изложбата може да се види сликата „Раѓањето на Пресвета Богородица“. Меѓутоа, значењето на мотивот за креветот воопшто не е намалено дури и во 20 век, па така Џон Ленон и Јоко Оно во својот уметнички проект „Водете љубов, а не војна!“ триумфално ја демонстрирале клучната улога на креветот во животот на секој поединец.
Современите уметници и фотографи, како што се Демијан Хирст, Сара Лукас и, се разбира, Трејси Емин, креветот го перцепираат и го користат како ready-made објект.
Пораките и идеите на уметниците можат да бидат меѓусебно сосема различни, но креветот скоро секогаш го симболизира местото на раѓање и смртта, интимноста на личниот простор и местото на ранливост. Изложбата составена од бројни слики, фотографии и разни инсталации на познати современи уметници, а меѓу кои се истакнуваат делата на Јирген Телер и Едвард Руша, ќе биде отворена за јавноста до 7 јуни.