Насловна / Архитектура / Изложба за единственото дело на Богдан Богдановиќ во Војводина

Изложба за единственото дело на Богдан Богдановиќ во Војводина

Големата ретроспективна изложба „ВЕЧИТО“, посветена на стогодишнината од раѓањето на големиот српски и југословенски архитект, Богдан Богдановиќ (1922, Белград – 2010, Виена), по нејзината премиера во Белград во септември и октомври, продолжува со својот живот во низа градови во внатрешноста на Србија во кои се наоѓаат спомениците на Богдановиќ.

01

На секоја локација на гостувањето се приредува и нов, дополнителен корпус на изложбата посветена монографиски на локалниот споменик, заедно со семинарски активности кои се тематски поврзани со неговата историја и просторно-уметнички вредности, а изложбата до денес можеше да се види во Сремска Митровица, во раскошната Барокна сала на Музејот Срем.

2

Вкупното творештво поделено во пет корпуси

Изложбата во Сремска Митровица го третира целокупното творештво на Богдановиќ и се состои од пет корпуси:

– големи експонати монографски посветени на секој мемориал на Богдановиќ – во необична форма на големи кругови;

– изложбени витрини со книжевното творештво на Богдановиќ;

– паноа со топографска мапа на делата на Богдановиќ на просторот на СФРЈ, хронолошка карта, библиографија и детален преглед на изложбените      активности на Богдановиќ;

– поставка монографски посветена на Спомен гробницата во Сремска Митровица;

– 82-минутен мултимедијален филм замислен како виртуелна посета на секое дело на Богдановиќ на терен – од земја и од воздух.

4

Изданието на изложбата „ВЕЧИТО“ во Сремска Митровица реализирано е преку соработка со локални експерти и културни институции, и се надоврзува на јубилејот на осумдесетгодишнината од страдањата на народите на Срем од германскиот окупатор во 1942 година. Автор и куратор е м – р Маре Јанакова Грујиќ, која го потпишува и ликовниот идентитет на изложбата, а организатори се општина Сремска Митровица и Музејот на Срем.

1

Свеченото затворање е планирано за денес, петок, во Барокната сала на Музејот Срем, со серија предавања и стручни работилници поврзани со Спомен гробницата во Сремска Митровица – единственото дело на Богдановиќ во Војводина.

3

Спомен гробница на 12 хектари

Спомен гробницата во Сремска Митровица се наоѓаат покрај старите православни гробишта, на место каде што биле заеднички гробници на неколку илјади убиени и стрелани за време на Втората светска војна. На ова место е изграден спомен комплекс на површина од околу 12 хектари.

0

Спомен гробницата во Сремска Митровица е заштитена како знаменито место од големо значење.

Уредена е во 1959 година по проект на архитектот Богдан Богдановиќ, а свеченото отворање е одржано на 4 јули 1960 година. Подоцна е реновирана и збогатена со нови содржини, а се смета дека е целосно завршен од октомври 1981 година.

Испрати коментар

Scroll To Top