Денеска во Музејот на Првата светска војна во Стар Дојран ќе биде оворена изложбата „Одбележување 100 години од Првата светска војна: Британија и Македонија“.
Проектот е финансиран од Амбасадата на Велика Британија во Скопје во соработка со Општина Дојран. Во негови рамки во декември и јануари беа организирани работилници кои ги водеше историчарот д-р Александар Стојчев.
Учествуваа средношколци и претставници на локалната самоуправа во Дојран кои обработуваа изворен музејски материјал, извори од литература на англиски и на македонски јазик со цел да се подготви изложбата.