Под наслов „Во тимот е силата – Тигрите“, во Музејот на современа уметност (МСУ) отворена е изложба на достигнувањата на тројцата полски архитекти, Вацлав Клишевски, Јежи Мокжињски и Еугењуш Вјежибицки, познати под името „Тигри“, проектанти на истата музејска зграда.
Изложбата е креирана од страна на полското Здружение на автори и композитори ЗАИКС (ZAIKS). Станува збор за македонска верзија на изложбата која под истото име беше отворена во мај оваа година во Варшава, а каде што е прикажан пресек на достигнувањата на тројцата архитекти, посветувајќи најмногу време на своите полски достигнувања, но не заборавајќи го и Скопје. Посетителите имаат можност за музејскиот објект на Кале во оваа пригода да дознаат и од каталогот, кој претставува, всушност, прва монографија за историјата на создавањето на објектот, која во оваа пригода заеднички ја објавија Амбасадата и МСУ.
Достигнувањата на „Тигрите“ во Полска се синоним на добра вонвременска архитектура, додека, пак, раѓањето на Музејот casino online на современа уметност во поземјотресно Скопје е синоним за на дело покажаната солидарност на државите и уметниците од светот. „Дискусиите за полската архитектура од минатото сега се чести и популарни. Се појавуваат интересни, популарно научни публикации на таа тема, се изработуваат архитектонски водичи низ градовите, се организираат екскурзии и предавања. Полската архитектура во повоените години (по 1945 г.) е наново дефинирана, главно од младите истражувачи. Така е и со делата на ’Тигрите’, иако некои од нив повеќе ги нема на архитектонската карта на Полска – како прочуената железничка станица во Катовице, ’бисерот’ на полскиот брутализам, чии бетонски чаши во форма на буквата ’Y’, кои го придржувале таванот на горното ниво, станаа лого на оваа изложба“, посочува во монографијата, меѓу другото, амбасадорот Јецек Мултановски.
Проектот за Музејот на современа уметност, кој годинава прославува 50 години од своето формирање, бил создаден во студиото на „Тигрите“ и победил на конкурсот што го распишало Здружението на полските архитекти во 1966 година, а конкурсните услови ги определила тогашната власт на Град Скопје и стручните лица.
„Музејот на современа уметност се дефинира како ‘проект на меѓународната солидарност‘, а зборот ‘солидарност‘ во Полска има исклучително значење“, потенцира полскиот амбасадор и во оваа пригода потсетува дека во богатата збирка на МСУ има и над 200 дела од 135 полски уметници кои му се подарени на градот уништен од катаклизмата како гест на солидарност.
Директорката на МСУ, Елиза Шулевска, пак, издвојува дека избраниот проектен предлог на „Тигрите“ бил со реден број 16 , но и дека изградбата на Музејот на современа уметност стартувала на 5 април 1969 година, за во 1970 година Музејот да го добие новиот дом. Полските „Тигри“ си обезбедија достојно место во светот на својата професија. Оваа мермерна убавица од бетон, стакло и од алуминиум совршено се вклопува во амбиентот на скопското Кале и е редок пример во регионов досега, а верувам и во иднина.