Насловна / Арт и дизајн / Изложба во Музејот на град Скопје на добитникот на наградата „Борко Лазески“

Изложба во Музејот на град Скопје на добитникот на наградата „Борко Лазески“

Во вторник, 04. септември 2018 година во 20: 00 часот во Музеј на град Скопје изложба на младата Александра Ацеска.
Во договор со семејствота на Борко Лазески (кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958.) Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е младата Александра Ацеска.

pr
Проектот на Ацеска е комбинација на неколку инсталации и други ликовни остварувања кои заедно формираат опкружување или некој единствен простор во кој се презентирани двата основни концепта на проектот. Во првиот дел се презентира шишарката како еден од најстарите симболи на преодот или прагот кон некои поинакви димензии, состојби или вредносни модели а во вториот дел наидуваме на една сосема женска односно нежна и чуствителна работа со цртежот на хартија или на вода. Тие можеби откриваат некаков сопствен пат кон кој Ацеска исчекорува реализизираеки уметничките чинови разбрани како дејствија кои создаваат или оставаат траги кои треба да бидат воочени како минливост чија особина е да фасцинира со нејзината трајност.

20180820_114713

Испрати коментар

Scroll To Top